Со Законот за доброволното здравствено осигурување се уредува нов систем на доброволно здравствено осигурување со кој се дава законска можност и се отвара широко поле на делување на друштвата за осигурување за понуда на пакети на здравствени услуги кои веќе се опфатени со системот на задолжителното здравствено осигурување. Доброволното здравствено осигурување се уредува како дополнително и приватно.

Доброволното здравствено осигурување

[signinlocker]е доброволно и долгорочно осигурување и може да се договори најмалку во траење од една година од денот на почеток на осигурувањето. Доброволното здравствено осигурување не е животно осигурување или дополнително осигурување кон осигурувањето на живот согласно со Законот за супервизија на осигурување. Правата и обврските кои произлегуваат од доброволното здравствено осигурување не можат да се пренесуваат ниту да се наследуваат.

Дополнителното здравствено осигурување ги покрива трошоците на име учество со лични средства при користење на здравствени услуги од задолжителното здравствено осигурување, согласно со прописите од задолжителното здравствено осигурување и здравстве ната заштита.Дополнителното здравствено осигурување ги покрива трошоците на име учество со лични средства при користење на здравствени услуги од задолжителнотоздравствено осигурување, согласно со прописите од задолжителното здравствено осигурување и здравстве ната заштита.

Дополнителното здравствено осигурување се воспоставува со договор за дополнително здравствено осигурување склучен меѓу осигуреникот и друштвото за осигурување. Дополнителното здравствено осигурување може да се воспостави и со договор за дополнително здравствено осигурување склучен меѓу друштвото за осигурување и работодавачот за своите вработени и членовите на нивните семејства, здруженија за своите членови или друго правно лице кое има интерес да осигури одредена група на луѓе.

Осигуреници на дополнителното здравствено осигурување се физичките лица кои склучиле или за кои доколку се полнолетни, врз основа на нивната согласност заверена кај нотар, е склучен договор за дополнително здравствено осигурување и кои ги користат правата утврдени со договорот за осигурување.

Друштвото за осигурување ја одредува премијата за дополнително здравствено осигурување согласно со Условите за осигурување и Тарифите на премии за доброволното здравствено осигурување. Друштвото за осигурување ја одредува премијата за дополнително здравствено осигурување имајќи ги предвид и здравствените услуги и ризиците на кои е изложен осигуреникот, како и возраста, полот, бонус и малус, табела на смртност, табела на болести и времетраење на склучениот договор.

Приватното здравствено осигурување ги покрива трошоците за здравствени услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, повисок стандард на здравствените услуги кои произлегуваат од задолжителното здравствено осигурување, трошоците за покривање на здравствените услуги користени во дополнителната дејност, како и за користење на здравствените услуги во здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи во која се врши здравствената дејност и во правните лица кои вршат изработка, издавање и сервисирање на ортопедски и други помагала.

Приватното здравствено осигурување се воспоставува со договор за приватно здравствено осигурување склучен меѓу осигуреникот и друштвото за осигурување. Приватното здравствено осигурување може да се воспостави и со договор за приватно здравствено осигурување склучен меѓу друштвото за осигурување и работодавачот за своите вработени и членовите на нивните семејства, здруженија за своите членови или друго правно лице кое има интерес да осигури одредена група на луѓе. Со договорот за приватното здравствено осигурување особено се утврдуваат содржината, начинот и условите на користење на правата од приватното здравствено осигурување.

Осигуреници на приватното здравствено осигурување се физичките лица кои склучиле или за кои, доколку се полнолетни, врз основа на нивната согласност заверена кај нотар, е склучен договор за приватно здравствено осигурување и кои ги користат правата утврдени со договорот за осигурување.

Осигурениците можат да бидат само лицата на кои им е утврдено својство на осигуреници и осигурени лица во системот на задолжителното здравствено осигурување, согласно со прописите од задолжителното здравствено осигурување.

Друштвото за осигурување ја одредува премијата за приватно здравствено осигурување согласно со Условите за осигурување и Тарифите на премии за доброволното здравствено осигурување. Исто така ја одредува премијата за приватното здравствено осигурување имајќи ги предвид и здравствените услуги и ризиците на кои е изложен осигуреникот, како и од возраста, полот, бонус и малус, табела на смртност, табела на болести и времетраење на склучениот договор.

Доброволното здравствено осигурување го спроведуваат друштвата за осигурување кои имаат дозвола за вршење на работи на здравствено осигурување од Агенцијата за супервизија на осигурување.

[/signinlocker] 

Leave Comment