Чекориме кон успехот по патот на изградените вредности

e-сметководство

e-сметководство

Сметководство е дисциплина што се занимава со запис, класификација, интерпретација и комуникација на финансиската информација. 

Од овој момент од вас зависи дали ќе сакате да ја унапредите информацијата или пак ќе одлучите да останете на веќе застарениот метод.

Што е е-сметководство или онлајн сметководство?

Многу компании се успешни бидејќи пред другите го сфатија значењето на времето и скратувањето на едноставните и повторувачки процеси во работењето.
За да бидете и Вие дел од оваа база на успешни компании неопходно е да ги следите промените кои ги носи новото време а со тоа и да се прилагодите на работните процеси и добивање повеќе време кое ќе го употребите на менаџирање на примарната дејност која ја носи вашата фирма.

Менаџер на една компанија треба да се раководи по следниве клучни зборови кои ние ги разбираме и наоѓаме начин како да ги направиме Ваша реалност:

Време, Кратење на трошоци, Функционалност, Безбедност и 24 часовна поддршка. 

Сфаќајки го ова малите, средните и големите компании, дел од своите дејности ги пренасочуваат кон надворешни професионални фирми и обезбедуваат максимална ефикасност и ефективност. Потребата од сметководствени услуги варира зависно од дејноста и големината на компанијата. Понекогаш е невозможно да се обезбеди целосно работно време за сметководителот а со новите законски измени завршните сметки мора да ги поднесува лиценцирано сметководствено друштво, следствено, фирмите се одлучуваат за да го аутсорсираат и овој сервис.

Она што е уште поважно за компаниите е покрај сметководствените услуги да се обезбеди и адекватен сметководствен софтвер кој обезбедува целосна моментална (ажурирана) финансиска слика за компанијата.

Е-сметководство, зашто и за кого?

Паралелно покрај главната дејност и активностите кои се превземаат за нејзино остварување, фирмата исто така треба да процесира огромна база на податоци и да изготви извештаи за да знае во која насока се движи. Процесирање на голем број на податоци без соодветен сметководствен програм е незамисливо во денешно време бидејќи би ни одземало премногу време.

Професионалниот бизнис софтвер ќе ви возможи внесување и процесирање на голем број на податоци без дополнителни активности, бидејќи најголем дел од процесите се автоматизирани и брзи. Добро испланираните сметководствени процеси заштедуваат време и ресурси и остава повеќе време за фокус кон главните цели на компанијата.
Главната цел на е-сметководството е насочена кон финансиските активности, залихите, плаќање и наплаќање. Овие услуги може да се користат и од помали правни лица како и од поголеми правни лица на кои им е потребен постојан увид во сметководствената евиденција.

Што добивате?

  • Централизирана база на податоци од секој компјутер – клауд решение
    • 24/7 пристап до информациите од дома или од било каде во светот каде има интернет
    • Секоја евидентирана промена веќе ја има и сметководителот
    • Заштита на веќе искнижените документи
    • Целосно поврзан и интегриран систем кој ги поврзува сите деловни единици на вашиот бизнис (магацинско работење, работа со фискални апарати, генератор на прилагодени извештаи, праќање на извештаи преку електронска пошта, е банкарство, електронски пристап со институции

Кои се придобивките на е-сметководството?

  • флексибилност – брзо приспособување според потребите на компанијата кои работат во различни сектори.
    • функционалност – различни модули за финансиско сметководство, материјално сметководство (управување со залихи), плати и архива на податоци може да се користат паралелно или пак поединечно.
    • лесен за користење (user friendly) – лесен и ефикасен за користење
    • тековност – обезбедува директен пристап до сметководствените податоци 24 часа на ден
    • автоматски – повторувачките процеси се рационализирани и автоматизирани
    • доверлив – едноставноста прикористење го прави да се избегнат и да лесно да се пронајдат човечките грешки
    • безбеден – датабазата на податоци се наоѓа на сигурен и безбеден сервер
    • практичен – лесно се доделуваат обврски на неколку луѓе како во рамките на компанијата така и помеѓу компанијата и сметководствената канцеларија.

Електронското архивирање на податоци како значаен дел од работењето

Е-сметководството го подобрува начинот на кој компанијата управува со своите „книги“, тоа е примарен, централизиран дневник на сите клучни активности и информации кои ни помагаат да се изготват извештаи кои вклучуваат книга на основните средства, договори, досиеја на вработени, книга на влезни и излезни фактури, деловодник.

Побарувања од купувачите и наплата на долгови

Со е-сметководството компаниите можат поточно да ги следат парите кои ги поседуваат а кои сеуште не се наплатени, датите кога тие доспеваат и реалната состојба на целокупните побарувања. Како резултат од сето тоа сопствениците на бизнисите побрзо ги реализираат приходите од своето работење. Плаќањата може драматично да влијаат врз готовинскиот тек.

Обврските кон добавувачите

Ви овозможува интегриран преглед, манипулација и управување со сметките, исплатите и пари кои ги должи компанијата. Дополнително ажурирање и доверливо водење на сметката со дигитален сертификат – токен доделен од банката.

Фактурирање

Со е-сметководството, бизнисот може побрзо да генерира сеопфатни фактури и да се има ажуриран увид во состојбата за секој клиент поединечно.

Набавки на суровини и стоки

Е-сметководството може да им помогне на професионалците за набавки (јавни набавки) да ја подобрат ефикасноста и точноста на самата нарачка. На овој начин се градат, зацврстуваат односите со вендорите кое пак истовремено ни носи ефективно и ефикасно испорачување на суровините/стоките по повластена цена кое пак од друга стана ни заштедува и време.

Продажба/Нарачки

Компаниите може да го автоматизираат начинот на кој ги обработуваат, реализираат и следат нарачките на купувачите од самиот почеток со давање на почетна понуда до наплаќање.

Менаџирање со залихи

Автоматско ажурирање на количините на залихите кога се прави продажбата. Нивелирање на цените. Зголемување на обртот на залихите со правилна анализа на извештаите за залихи. Исполнувајте поголем обем на реализирани нарачки но со помали трошоци.

Пресметка на плати

Е-сметководството ви гарантира точна и навремена пресметка на плати.

Известување

Е-сметководството лесно може да генерира целосна билансна состојба, извештај за приходите и расходите како и други стандардни извештаи. Дополнително многу од нив нудат ад хок анализи кои обезбедуваат дополнителни информации а го олеснува донесувањето на одлуките.

Буџетирање, предвидување и планирање

Е-сметководството ви овозможува да работите на стратешките планови и буџетите на вашиот бизнис, да направите софистицирана финансиска анализа и да се прилагодите брзо на промените со предвремено прогнозирање на истите.

Дополнителни услуги

Пристап до заеднички акаунт, стандардизиран изглед на фактури со сите потребни елементи, испраќање на фактури и потсетници преку интегрирана е-пошта, пресметка на данокот на продажба, управување со трошоци – навремена пресметка на камати, експортирање бекап на цела датабаза.

Онлајн сметководството е прилагоден метод со кој комапниите имаат постојан пристап до нивните финансиски детали и извештаи. Софтверот е лесен за користење и помага при заштеда на време и ресурси со тоа што било какви повторувачки операции се излишни, бидејќи многу од процесите се автоматизирани.

Заштедете на финансии, време и фокурисрајте се на тоа што е важно за вашиот бизнис. Останатото е наша обврска.

All Rights Reserved © 2018 Accounting Point