Written by Accounting Point on 09/07/2018 in Админстрација

Последните новини во Законот за трговски друштва (Службен весник на РМ бр.28/04..64/18) се објавија во Службен весник на РМ бр. 120/18. Измените влегоа во сила од 29 јуни 2018 година  и со истите се укинуваат сите одредби од законот кои се однесуваат на тајните друштва…

 

[signinlocker]

Се прецизира дека во годишниот извештај  за работење на друштвото ќе се наведува идентитетот на сите физички и правни лица кои учествуваат во основната главнина. (пред измените се наведуваше само идентитетот на лицата кои имаат повеќе од 5% од главнината, односно од гласовите).Во извештајот ќе се наведуваат и измените ако се случиле во текот на една година.

Со примена на новините престанува правната моќност за настанување на тајни друштва согласно Законот за трговски друштва, односно престануваат трговските друштва за кои е склучен претходно договор.

Договорите склучени со таен содружник, односно со тајно друштво, можат да продолжат да се применуваат исклучиво согласно одредбите од Законот за облигациони односи.

[/signinlocker]

 

Leave Comment